Почина новинарот Борис Горгиоски од Охрид. На 75 годишна возраст утрово, по кратко боледување, почина пензионираиот дописник на МИА од Охрид.
Новинарството беше неговата животна определба, професијата од која се пензионира, но не престана да ја работи и после тоа. Студирал во Загреб политички студии, отсек новинарство. Работеше во Радио Белград, каде беше познат по неговите интервјуа и репортажи. По кусото волонтирање во „Политика“, добил уредничко место во Радио Младеновац, а потоа станува и дописник на Радио Белград од Скопје. о распаѓањето на поранешна СФРЈ, се враќа во Охрид и го отвора радиото МСБ. Поради економска криза и големите долгови радиото се затвори, по што Горгиоски станува дописник на државната новинска агенција МИА од Охрид, каде работеше се до пензија. После пензионирањето помагаше преку разни проекти во локалните телевизии и радија.
Горгиоски беше и координатор на регионалниот центар на Здружението на новинари на Македонија. Колегите и неговите ќе го паметат како исклучителен професионалец, кој несебично своето знање го споделуваше со помладите генерации новинари и по тоа штро во слободното време беше страствен риболовец , но и сликар
Погребот на Горгиоски е утре од 11 до часот на градските гробишта во Охрид.