Починатата родилка од Охрид не била заразена од корона

Починатата родилка од Охрид не била заразена со корона вирус. Таа била треторотка која воопшто не одела на лекар во текот на бременоста.

Се работело за тешка инфекција.  

– „Непотребно се прави паника во медиумите, не се работи за корона. Жената од ромаска националност, дошла на одделение во тешка фебрилна состојба и по сите протоколи била испратена на Гинеколошката клиника во Скопје. Дошла со сите симптоми на мртов плод. Јас сакам да апелирам да не се објавуваат дезинформации до медиумите, бидејки се прави паника мегу пациентите“, вели Горан Балески.

Од страна на тимот гинеколози било постапено по сите протоколи. Пациенткаа со мртов плод мора да се испрати на оперативен зафат во Скопје, појаснува Балев. 

-„Гинеколошкиот тим на општа болница Охрид постапи по сите протоколи како во книга.Г пофалувам искрено. Ние како општа болница Охрид не сме во состојба да дадеме адекватно лекување на таква пациентка. Почината никогаш не посетила  ниту матичен лекар ниту гинеколог“, додава Балев. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани