Почна комплетирањето на избирачките одбори

Почна изборот на претседател и двајца членови и нивни заменици на избирачките одбори за локалните избори закажани за 15-ти октомври.

За четири дена преку софтверот на Државната изборна комисија по случан избор, ќе се знае кој ќе седне во вкупно 80 општински избирачки одбори каде е предвидено да има скоро 21.000 членови. Според ДИК, изборот се врши преку софтвер и од базата на државната и јавната администрација селектирана по општини, добиена од Министерството за информатичко општество и администрација.Веќе течат роковите за увид во избирачкиот список, но и за собирање потписи за предлагање на листа на кандидати за градоначалник и за членови на општинските совети од група избирачи.Увидот во избирачкиот список ќе трае до 9-ти, а листите треба да се достават до 4 септември на полноќ.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани