Почнува 10 то Вевчанско лето

Во среда на 11 август 2021 година ,запoчнува овогодишната 10-та јубилејна манифестација Вевчанско културно лето ВЕВКУЛ 2021 .

Овогодишната манифестација се одржува под мототото „ВЕВЧАНИ ЗА БЛАЖЕ КОНЕСКИ“,одбележувајќи ја 100 – годишнината од неговото раѓање (1921 – 2021) Вевчанското културне лето започнува со свечано отворање на изложба на фотографии ( портрети ) и факсимили од и за Блаже Конески.Автор на изложбата и воедно промотор е истакнатиот новинар и писател Мишо Китаноски,а негов соработник фото репортерот Стојан Кукунешоски.
Програмата ќе ја води Верица Мукоска,а песни ќе кажуваат – учениците од ОУ „Страшо Пинџур“- Вевчани,Андреј Ѓорејлиески,ТеонаПљушкоска,Катерина Русеска,Сергеј Димитриески и Георгина Србакоска,под менторство на Роза Китрозоска .
Свеченото отворање на ВЕВКУЛ 2021 е во Клубот на пензионери во 19 и 30 часот во Вевчани,почитувајќи ги здравствените протоколи.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани