ПОЧНУВА ЏУДО “СТРУГА ОПЕН” 2017

Утре во спортско рекреативниот центар „ТИМИ“ во Струга почнува четвртиот меѓународен натпревар во џудо “СТРУГА ОПЕН” 2017.

Оваа врвна меѓународна спортска манифестација има огромно значење за Струга но и за Република Македонија, смета проф. Ѓорѓија Стојанов, претседател на џудо клубот „Дрим“ од Струга. Додава дека учесници се стотина џудисти во разни категории од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Косово, Хрватска, Грција, Србија, Шведска, Холандија, Полска, Турција, Црна Гора, Словенија, Романија, Македонија и од уште неколку други држави од Европа.Распоредот на натпреварите е поделен во тежински и старосни категории со соодветен редослед а на свечениот чин ќе присуствуваат претставници од општествено политичкиот живот во Струга, спортските асоцијации, од бизнис секторот, претставници од џудо федерација на Македонија како и од Светската Џудо Федерација.
Во рамките на четвртиот меѓународен натпревар во џудо “СТРУГА ОПЕН” 2017, викендов ќе се оддржи тридневен тренинг камп на кој ќе учествуваат поголемиот дел од учесниците на натпреварот
Тренинг кампот ќе го води Габриел Сапта од Белгија мајстор 7 ДАН, експерт од Светската џудо федерација.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани