Охридски заклучоци за туристички Балкан без граници

Втората Регионална конференција на Балканската асоцијација на здруженијата на хотелиерите (БАХА), што се одржува во Охрид, ќе донесе низа конкретни заклучоци што ќе бидат проследени до државните и локалните институции, од кои се очекува да помогнат во реализација на замислата за промовирање на Балканот без граници како регионален туристички бренд.

Крсте Блажески, претседателот на Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) смета дека промовирањето на Балканот без граници како заеднички туристички бренд е можно и преку олеснување на протокот на туристите меѓу државите од регионот. Додава дека видливи и позитивни се ефектите од веќе воспоставените кружни балкански тури. Се очекува, конференцијата во Охрид силно да ја ја промовира идејата за значајно туристичко спојување на сите држави од регионот,надминување на политичките бариери а сите поединечни туристички понуди да ги спои и спакува во една целина, која ќе носи економска добивка на локалните самоуправи и хотелиерите како носители на туристичката индустрија во регионот. Се очекува и предлог долгорочен план и заеднички програми со кој Балканот треба да постане дестинација без бариери, со слободен проток на луѓе и заеднички позитивни економски резултати.
Инаку,на втората Регионална конференција на Балканската асоцијација на здруженијата на хотелиерите (БАХА), што се одржува во Охрид, учествуваат стотина претставници на државни институции задолжени за развој на туризмот, хотелиери и тур-оператори од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Косово.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани