Кој е лажниот македонски принц?

57 годишниот Стефан Чернетиќ е човекот кој со години лажно се претставувал како принц од Македонија и Црна Гора.

Чернетиќ на една од веб-страниците отворени за поткрепа на неговиот лажен идентитет го објавил „семејното дрво“ според кое тој е син на грофицата Снежана Аврамовиќ и кнезот Онорато Чернетиќ, односно Црнојевиќ, потомци на славната црногорска лоза, што според „податоците“ на страницата влечат корени уште од времето на Гај Јулие Цезар.Чернетиќ по професија е гастрономски новинар. Неговиот „кралски живот“ се сведувал на организирање хуманитарни вечери за кои гостите плаќале скапи влезници, а тој во зависност од сумата ги прогласувал за витези и им доделувал други признанија.„Принцот“, често патувал во Монте Карло каде се претставувал како принц од Македонија и Црна Гора за да се „пикне„ во високото друштво и да се фотографира со Алберт, принцот од Монако, но и со Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, убедувајќи ги сите дека е дојден за да ги зацврсти дипломатските односи меѓу земјите и да ја прошири нивната соработка. Една од неговите „жртви“ меѓу познатите личности од целиот свет била и Памела Андерсон. На гала церемонија во Џенова, лажниот принц ѝ доделил титула „грофица на редот на лилјанот“ на поранешната актерка, а сега активистка Памела Андерсон.Тој тогаш рекол дека и ја доделува титулата поради нејзиниот „храбар придонес за заштита на морските животни“.


На титулата на Стефан Чернетиќ наседнале и многу други бројни претставници на италијанскиот и светски џет-сет а на лажниот принц му обезбедувале влез на елитни забави и приеми на градоначалници, високи свештени лица и вистински наследници на кралски семејства. „Неговото величество“ пред само две недели седело на маса со принцезата Ирена од Грција и од Данска во Атина, а претходно и присуствувал на трки на Формула 1 во Монако, во друштво со шеици и манекенки.Со години живеел на „висока нога“ и стигнал дотаму да порачал да се изработи негов портрет.Има и свој сајт.Одвреме-навреме „принцот“ најавувал дека наскоро ќе се врати „дома“.
Но, приказната за принцот завршила откако во одморалиште во Фусини принцот направил голема сметка за која менаџерот потоа ја проследил до амбасадите на Македонија и на Црна Гора. Стигнал одговор „не ни испраќајте сметки, немаме принц и сигурно не го делиме со Црна Гора“.Веднаш потоа било известено италијанското МВР кои испратиле фотографии од Чернетиќ и негов „аѓутант“ во сите полициски станици во државата.На полицијата и е речено да повнимава на мерцедес со црногорски знаменца и ако го забележат, веднаш да го запрат, бидејќи „државните обележја се лажни, а човекот во него не поседува дипломатски статус, ниту има каква било привилегија“.
„Принцот“ е уапсен заедно со лицето С.С. со италијанско државјанство, кој се претставувал како амбасадор на Македонија во Италија. Двајцата организирале хуманитарни и гала настани, посредувале за остварување бизнис и културни врски и давале лажни титули и признанија.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани