Учениците денес се враќаатво училиште. Започнувајќи од денес, школската година ќе се одвива со физичко присуство.
-Ова е многу важно за децата и учениците, бидејќи повторно одлагање на учебната година или учење онлајн за нив не е идеалната опција. Важно е да се поддржи овој процес такашто граѓаните ќе се вакцинираат во што поголем број, порача министеротза здравство Венко Филипче.
Владата, го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести за онлајн организирање на наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар во траење од 14 дена од почетокот на учебната година, и онлајн настава од првите 7 дена во Кичево и Струга, заради ситуацијата со вирусот во овие општини, по што, откако ќе заврши овој период, ќе се донесе нова одлука согласно развојот на ситуацијата.
За граѓаните кои од разбирливи причини бараат онлајн настава, министерот Филипче им порача дека доколку се влошува состојбата или вирусот почне да се шири во училиштата, подготвени се алтернативни решенија. Во тој случај, здравјето на децата нема да биде доведено во прашање. Со оглед на тоа што искуството од минатата година покажа дека трансмисијата на вирусот во училиштата беше прилично ниска, нема такви очекувања.
