Под притисок на медиумите затворен текстилниот погон во Вевчани

Под притисок на медиумите од денес па се до 4 август ќе биде затворен текстилниот погон „Мотекс“ во Вевчани. 

 

Откако во фабриката имаше  6 потврдени случаи , санитарниот инспекторат и Центарот за јавно здравје  дадоа налог за затворање на текстилниот погон. 

Вработените за Охриднет раскаажаа дека во погонот нема услови за држење дистанца и дека многу лесно може да се прошири вирусот. 

Погонот „Мотекс“ е првиот кластер во општина Вевчани.

Охриднет.ком прв објави за состојбата во текстилниот погон, каде менаџерите и покрај заболените не сакаа да ја затворат фабриката. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани