Директорот и синдикалната организација на Подружницата ХЕС„Црн Дрим“ – Струга организираа новогодишно изненадување за учениците од паралелката со посебни потреби „Порака“ во ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга.
-Децата се дружеа со Дедо Мраз и кловнот Анета кои им поделија пакетчиња и ги исполнаа нивните новогодишни желби од писмото кое го пратија до Дедо Мраз.
Ова е еден мал гест со кој се обидовме да ги израдуваме овие ученици, но и да го свртиме вниманието кон нив со цел растење на овие деца во подобра околина полна со љубов.
Ние како општествено одговорна компанија се трудиме секогаш да излеземе во пресрет на заедницата со посебен акцент на ранливите категории во истата. Ова е само дел од низата акции кои ги посветуваме и со кои се трудиме нашето место на живеење да го направиме поубаво и подобро за живеење, информира Сашо Коркут директор на Подружницата ХЕС„Црн Дрим“ – Струга.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
