Подароци за првороденото бебе во Охрид

Вршителот на должност градоначалник Константин Георгиески денеска на гинеколошкото одделение при општата Болница во Охрид го посети првиот нов жител во 2019 година, здраво машко дете.

 Искрено упатувам честитка до среќното семејство Бимбилоски за најубавиот дар од Бога што го добија во новата 2019 година. На малиот Антонио му посакувам добро здравје, долг живот проследен со многу среќа и радост. Децата се нашата иднина, нема човек кој не се разнежнува кога ќе слушне ваква убава вест за нова рожба. Токму затоа сите ние ќе работиме и со низа проекти ќе допринесуваме во подобрување на условите за живот и развој на секое дете кое ќе гледа просперитетна иднина за себе во својот град и држава. Ако машкото дете е синоним за цврстина и бериќет очекувам дека ова детенце ќе ни најави плодна и среќна година за нашиов Охрид. Во оваа прилика упатувам честитки и до тимот кој работи на гинеколошкото одделение при Општата Болница во Охрид и до сите други вработени во болницата кои максимално се вложуваат и посветено работат во лечењето и подобрувањето на здравјето на сите пациенти –изјави градоначалникот Георгиески. p>

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани