Подарок охридски бисер од Филеви за бугарските туристки

Инвентивниот Михајло Филев, познатиот изработувач на оригинални бисери,  по десетти пат во пресрет на Денот на жената подари  охридски бисери на  туристиките во градот.

 

Десетгодишниот јубилеј збогатен со културно уметничка програма , шоу пред туристките кои токму на Билјанини извори утрово  имаа можност да видат како се белее платното. 

Од платното, Билјана го извади бисерот и го поклони на најсреќната туристка која најбрзо има роденден годинава.

-„Продолжуваат промотивните активности на еден од најстарите и најубавите брендови на Охрид и Македонија охридкиот биср Филеви. Ова ни е десетгодишен јубилеј по повод празникот 8ми Март Денот на жената ние традиционано подаруваме охридски бисери на нашите посетители кои доаѓаат деновиве. Овој пат чест имаше групата гостинки од Бугарија. Легендата за Билјана платно белеше ја поврзавме со охридскиот бисер и со овој настан овозможуваме туристките да имаат еден позитивен спомен од овој ден и да раскажуваат дека во духот на срдечноста, гостопримството и љубезноста ние тоа го чиниме од срце за добар впечаток на градот Охрид и нашата Македонија и секако почесто да не посетуваат“, рече Михајло Филев. 

 -„Многу сум благодарна на Филеви за овој прекрасен подарок. Јас бев најсреќна овој пат. Воодушевена сум, многу пријатно сум изненадена досега не сум доживеала ваков гест. Огрлицата и бразлетната се прекрасни. Немав охридски бисер еве сега имам и му се радувам“, вели Цвета Манева Трајанска добитничката на подарокот од Филеви. 

-„Ние денеска направивме една сензација. Со промената на локацијата денес направивме уште поголема сензација денеска лично Билјана го подари бисерот на среќната туристка од Бугарија. Познати се традициите познати се Филеви во Балканските земји и традицијата продолжува“, вели Љупчо Јузмески туристички водич. 

Фотографии 

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани