Превентивната патрола се спроведе во неколку градови.
Во периодот од 19до 27 јули 2019 година, Секторот за внатрешниработи Охрид, на целото подрачје што гопокрива, ја спроведе превентивната кампања„ Соседска патрола“. Мешаните патроли составениод полициски службеници од одделениетоза превенција, родители, претставници наСоветот на родители во основните училишта,од секторот за образование при локалнитесамоуправи како и на Центарот за социјалниработи, во Охрид, Струга, Кичево и Дебар,во времето од 22 до 02 часот, извршија превентивнаобиколка на угостителските објекти какои местата на отворен простор каде, во ноќнитечасови најчесто се собираат и задржуваатмладите.
– Целта на кампањата е, родителите да видат каде и како младите се забавуваат во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски и други јавни места најчесто ги посетуваат,кои се можните проблеми со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања, соопшти Стефан Димоски,портпарол на СВР Охрид.
Како што посебно нагласи портпаролот Димоски, „ целта на проектот„Мешани патроли“ е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот односмеѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста,да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите, да се подигне нивната општествена свест и совест за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места како и доследно да се почитуваат законските одредби пред се, од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир“.