Полицајците „уловија“ риби

Во акцијата одземена е поголема количина риби и риболовен алат.

Вчера во 08.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека во близина на авто камп во Охрид, во близина на брегот на Охридско езеро, биле забележани М.П.(65), Е.З.(35) и Е.З.(31), сите од Охрид, со риболовен алат и вреќи со улов, по што го напуштиле местото. По издадена судска наредба, полициски службеници од СВР Охрид извршиле претрес во чамецот и била пронајдена поголема количина риболовен алат и улов од риба.
Предметите и уловот се подигнати за понатамошна постапка а увид на местото изврши екипа од СВР Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани