Струшката полиција „награди“ тројца

„Наградите“ се за прекрен полициски час.

Во текот на изминатото деноноќие (20/21.2020), за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење (Струга-3). Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесена кривична пријава по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Во истиот период, не се регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 29 контроли врз лица во изолација, 15 контрола врз лицата во самоизолација и 69 контроли на угостителски и други објекти, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани