Викендов, сообраќајците „уловиле“ пијани возачи, им напишале казни и ги исклучиле од сообраќај.
Во текот на изминатот викенд, на целото подрачје на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот. Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 179 патнички и други моторни возила ( Охрид-38, Струга-43, Кичево-48 и Дебар-50), вкупно 109 возачи беа алкотестирани ( Охрид-27, Струга-30, Кичево-33 и Дебар-19) пришто, кај вкупно 10 возачи на моторни возила беше констатирано присуство на алкохол во крвта (Охрид-2, Струга-1, Кичево-4 и Дебар-3). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Полициските службеници евидентирале 10 случаи на пречекорување на брзината на движење во населено место, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 20 мандатни платни налози (Охрид-2, Струга-12, Кичево-4 и Дебар-2) како и вкупно 13 барања за поведување прекршочна постапка (Охрид-2, Струга-4, Кичево-4 и Дебар-3).
Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, нагласи Димоски.
