Полицијата ги бара крадците на пентите во Студенчишта

На 20.09.2020 година, во СВР Охрид, О.Ч.(49) од Охрид пријави дека, од засега непознат сторител, му била одземена моторна пента, марка „Томос“, оставена необезбедена на чамец во каналот „Студенчишта“.

На 19.09.2020 година, А.С.(69) и П.Г.(64), двајцата од Охрид пријавија дека од чамци во каналот, им биле одземени моторни пенти, марка „Томос“. Според пријавеното, одземањето на пентите било извршено со употреба на подесен алат. На 20.09.2020 година, Н.Ѓ.(36) од Охрид пријави дека непознат сторител, му одзел таблет „Самсунг“, оставен во брод закотвен на Градското пристаниште.
СВР Охрид презема мерки за расветлување на казнени дела.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани