Сопственик на угостителски објект оштетил тезги во пазарот.
На 21.09.2020 година во 11 часот во СВР Охрид, од Јавното претпријатие „Градски пазар“ во Охрид, добиена е пријава дека во времето од 18/19.09.2020 година, А.Р. од Охрид-сопственик на угостителски објект во пазарот, неовластено преместил и оштетил 12 тезги, со одобрение поставени во просториите на пазарот. Увид на местото извршија полициски екипи. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
