Министерството за внатрешни работи ги мапира критичните точки, каде се очекуваат изборни нерегуларности.
Во пресрет на изборите се прави план во кој се вметнати избирачките места со висок ризик, а потоа ќе се информираат ОБСЕ и ОДИХР со цел на тие локации, каде се очекуваат зборни манипуалии да има повеќе меѓународни наблудувачи.
Овие избори се поспецифични полицијата ќе има поголем товар, бидејќи се одвиваат во време на пандемија, а гласањето ќе трае три денови.

„ Заеднички ги разгледавме плановите изготвени од СВР Охрид за организирање на мирни, фер, демократски и безбедни избори . Тие веќе имаат мапирано критични точки, кои се со висок безбедносен ризик од аспект на изборни нерегуларности. Од моја страна беше потенцирано поготово да се насочи оперативното дејствување во насока на отривање на поткуп, уцени и манипулации со гласовите на избирачите“, вели Наќе Чулев министер за внатрешни работи.
Најкритични точки со висок ризик на изборни манипулации се местата каде живеат социјално ранливи категории на население.
„Тие места се населени места каде што се социјалните згради на улица Карпош Војвода, потоа местата кде што живее мешано етничко население каде што тука имаат големо влијание сите политички партии“, вели Илија Милески началник на СВР Охрид .
Според министерот полицијата е подготвена да обезбеди фер , демократски и безбедни избори, обезбедена е заштитна опрема за полициските службеници и сите потребни материлјално технички средства.
Новинар Соња Рилковска
