Двајцата предизвикале пожари, едниот во Охрид а другиот во Ботун.
35 годишен охриѓанец и 55 годишен од селото Ботун, вчера предизвикале пожар со значителна материјална штета.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информира дека вчера во полициската станица околу 10 и 17 часот биле пријавени пожари на ниви во близина на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид од фрлен отпушок и во селото Ботун општина Дебарца од запален оган. Според соопштението од Канцеларијата за односи со јавноста, на 29 март оваа година околу 10 часот, во полициската станица Охрид, М.Х.(55) од Охрид, пријави пожар на нива во близина на улицата „Гоце Делчев“. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот го предизвикал А.И.(35) од Охрид, кој, извршувајќи земјоделски работи на нивата, фрлил отпушок од цигара. Притоа, опожарени биле неколку соседни ниви и две куќи сопственост на лица кои се на привремена работа во странство.
-По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, соопшти портпаролот Димоски. Додава дека вчера околу 17,00 часот, во селото Ботун-општина Дебарца случен е пожар на отворен простор, во кој, целосно изгореле електричен столб сопственост на „ЕВН“ и други предмети во приватна сопственост. Од извршениот увид, констатирано е дека пожарот бил предизвикан од Б.С.(55) од селото Ботун.Портпаролот кажа дека извршителот е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
