Приведените охриѓани „заработија“ кривична пријава.
Портпаролот на СВР Охрид м-р Стефан Димоски информира дека синоќа околу 23 часот во селото Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.Б.(22) од Охрид затоа што, при преглед кај него пронајдена и одземена е опојна дрога марихуана. Додава дека вчера полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ќ.П.(61) од селото Слатински Чифлик, општина Дебарца.
– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се една ловечка пушка и 67 куршуми различен калибар кои ги поседувал без дозвола, изјави портпаролот Димоски.

