Полицијата уапси крадец кој извршил повеќе кражби.
Поради постоење основи на сомнение за сторени четири казнени дела „тешка кражба“ и пет дела „тешка кражба во обид“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.Н.(33) од Охрид. Тој, тешките кражби ги извршил во периодот септември-октомври 2020 година, насилно влегувајќи во куќи во Охрид. Притоа, одземал златен накит, мобилни телефони и други вредни предмети, со што, се стекнал со противправна имотна корист од околу 200.000,оо денари.