Полицијата „улови“ автомобил со кеси марихуана

Во акцијата синоќа, приведен е еден дилер на дрога.

Синоќа околу 18 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево во близина на охридското село Оровник, при преглед на патнички автомобил „Опел Корса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(34) од селото Житоше, општина Прилеп, пронајдени, одземени и предадени на вештачење се пет најлонски ќеси со зеленкаста опојна растителна материја.
Возачот е приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани