Полицијата во потрага по вешти измамници

Измамниците оперирале во Охрид и Дебар.

Вчера во СВР Охрид, пријавен е случај, кога едно лице, лажно претставувајќи се дека е директор на туристичка агенција, во два угостителски објекти во Охрид, сторил измама поврзана со поголема група туристи.. Сличен случај, на 18.01.2020 година, во полициската станица Дебар, пријавил и сопственик на ресторан во Дебар, а на 16.01.2020 стопанственик од истиот град, пријавил измама поврзана со нарачка на поголема количина лим. Во изминатиов период регистрирани се пријави од повозрасни граѓани кои пријавиле измама од лица кои нуделе набавка на огревно дрво по значително пониски цени.
 –Ги известуваме физичките и правните лица, да внимаваат и да не наседнуваат на вакви и слични понуди од непознати лица и истите да ги пријават во најблиската полициска станица., апелира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид. Димоски напомена дека „СВР Охрид презема засилени мерки за пронаоѓање на сторителите“..

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани