Неспособната и неодговорна локална власт предводена од Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на локалните избори повторно манипулира со жителите на Лескоец. Соочени со стравот од пораз на локалните избори, Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ прават очајнички обиди да им се додворуваат на гласачите, обвинија денес од ОО на СДСМ Охрид.
Цели четири години Бакречески ветуваше фекална канализација во Лескоец со што би се решила една од најважните потреби на жителите на ова место, но како и сите други празни ветувања и ова ветување остана неостварено. Жителите на Лескоец паметат дека требаше да добијат функционална фекална канализација уште во 2016 година, но за ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески многу поважни беа плоштатчињата и пешачките патеки низ градот.
Жителите на Лескоец не ги забораваат ниту проблемите со канализацијата и водоснабувањето, ниту прашината што ја голтаат кога пеш си одат дома во летните, ниту калта што ја газат во есенските месеци, затоа што оваа локална самоуправа не беше заинтересирана да им ги решава проблемите, туку да им создава нови. Наместо да го асфалтира второто најголемо населено место во Охридско, Бакрачески асфалтираше козји патеки.
Затоа, жителите на Лескоец и Охрид на претстојните локални избори ќе ја казнат неспособноста и самоволието на Бакрачески. Охрид ќе добие нова локална власт предводена од СДСМ која ќе ги решава проблемите на жителите на сите населени места во општината, стои во писменото сооптение на ОО на СДСМ Охрид.
На ова возвратија од ВМРО ДПМНЕ:
-Дефинитивно ваквите штури соопштенија со лаги коишто очигледно се напишани како резултат на насоката од централата за присуство во јавноста и покажување определена активност, се бледи и комплетно дезориентирани по сите основи од тие што Охрид го сместија на листата на најзадолжени градови во Светот.
ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот д-р Никола Бакрачески секогаш се водат од делата и работата која носи успех и подобро утре. Изградени се 64 водоводни системи во должина од 20 км и 86 патишта во должина од 35 км на територијата на Охрид.
Очигледен е стравот и фактот дека не сте излегле на терен и не сте се сретнале со граѓаните за да ги слушнете и да ви ја кажат вистината.
Една од најфреквентините улици токму во с. Лескоец, „Илија Смически“ доби нов современ лик. Во должина од 1100 метри и ширина на коловозот од 3 до 4.5 метри. На асфалтирањето му претходеше нова фекална канализација по должината на патот и поставување нов тампон.
Асфалтирани се и три краци од улицата „Илинденска“. На оваа јавна површина асфалтирани се: Крак 1 со должина од 378 метри квадратни, Крак 2 должина од 408 местри квадратни, крак 3 со должина од 719 метри. На улица Илиндеска асфалтирани се вкупно 1505 метри квадратни. Вкупната вредност на проектот е 1 970 516 денари.
Во насока на подобрување на водоводниот систем се вршеше изведба и реконструкција на водоводна линија во с. Лескоец прва фаза и втора фаза во должина од по 500 м и Ф-160. Следи и трета фаза и со овој проект засекогаш ќе исчезнат проблемите со водоснабдувањето во с. Лескоец.
И во поглед на фекалната атмосферска канализација ВМРО-ДПМНЕ секогаш мисли за граѓаните, па така во с. Лескоец исто така е реализирана изградбата на новата фекална канализација на територијата на целото село.
Кога сме кај селото с. Лескоец господа од СДС излезете и кажете еден ваш проект таму или дали отворивте детска градинка во Лескоец?
Жителите на Лескоец но и сите охриѓани знаат да препознаат дела наспроти создадениот хаос и нема да дозволат други луѓе лицемерно да одлучуваат за нивниот живот затоа на 15 октомври ќе им го зададат последниот удар со тоа што ќе ја поддржат политиката на ВМРО-ДПМНЕ преку победа на локалните избори а ќе биде продолжување на нивниот пораз, стои во реакцијата на ОК на ВМРО ДПМНЕ.