Полноќни собири за старт на изборната кампања

Со симболични собири на полноќ, во Охрид почна изборната кампања.

Бројни охриѓани, членови и приврзаници, на полноќ се собраа пред стариот Општински комитет на ВМРО ДПМНЕ на улицата „Димитар Влахов“ во Охрид, да го пречекаат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и заеднички да го означат почетокот на изборната кампања за претседателските избори како и локалните избори за Охрид.Ноќеска, на плоштадот „Св.Климент Охридски“, бројни приврзаници на СДСМ од Охрид заедно со кандидатот за градоначалник од оваа партија, Константин Георгиески, го прославија почетокот на изборната кампања. Граѓанско Демократска Унија- ГДУ, со својот кандидат за градоначалник, Михаил Трендафилов-Нанче, официјално денеска ќе ја започне кампањата за претстојните избори во Охрид.Отворањето на кампањата ќе биде во паркот пред спомениците на Христо Узунов и Методија Патчев во 12 часот.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани