Помпео од МПЦ доби икона со ликот на Пресвета Богородица

Помпео се запозна со културното и црковното богатство на Охрид, на подарок доби  икона со ликот на Мајката Божја.

 

Во црквата Света Гогородица Перивлепта и Галеријата на икони , Помпео , го пречека највисокото раководство на МПЦ.

Вчера  во официјална посета на Р. Македонија престојуваше државниот секретар на Соединетите Американски Држави, г-дин Мајк Помпео, заедно со својата сопруга, г-ѓа Сузан Помпео. При својата посета, г-динот Помпео ја посети Галеријата на икони во Охрид, како и едно од најзначајните светилишта на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“, кој потекнува од XIII век. Државниот секретар на САД беше свечено дочекан од највисока црковна делегација, предводена од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, кој беше придружуван од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, како и од секретарот на Светиот архиерејски синод, Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент. Гостите од САД изразија голема заинтересираност за нашето црковно и културно богатство, а како спомен од Македонија, добија за подарок прекрасна икона од Мајката Божја, насликана од вештите раце на монасите од манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе, информираат од МПЦ. 

 

majkpompeo2019 1

majkpompeo2019 2

majkpompeo2019 3

majkpompeo2019 4

majkpompeo2019 6

majkpompeo2019 8

majkpompeo2019 10

majkpompeo2019 11

majkpompeo2019 12

majkpompeo2019 13

majkpompeo2019 15

majkpompeo2019 17

majkpompeo2019 18

majkpompeo2019 19

majkpompeo2019 20

 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани