Од 1 јули Македонците ќе зборуваат поевтино кога патуваат во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, кога стапува на сила третиот бран намалување на цените на роаминг услугите меѓу 4 земји потписнички на спогодбата за постепено намалување на цените на роаминг услугите.
Минута разговор дојдовен повик наместо 15 ќе чини 11,6 денари, една СМС порака 3,7 денари, a еден мегабајт интернет 12,3 денари. Намалувањето е за 19 центи кај дојдовни и пет центи кај појдовни повици. Oвие цени се однесуваат само при патување во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Агенцијата за електронски комуникцаии уште во 2012 та година поднесе иницијатива до европските регулаторни тела да се овоможи, како на земја кандидат за членство во Унијата да имаме исти цени за роаминг, како и земјите членки.Барањето беше одбиено. Првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Сашо Димитријоски најави дека ваква иницијатива повторно ќе биде поднесена.
Извор:inovativnost.mk