Поради болки во ногата, Марко го прекина маратонот

Поради болки во ногата Марко  го прекина големиот подвиг.

-„Желбата и волјата се крилја за големи дела.“ Нашиот Марко имаше силна желба и цврста волја да плива делница која е вистински предизвик за професионалните маратонци, а не за еден тринаесетгошник. Сепак, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести. Марко изминаа 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и мина 11 километри и 840 метри. Утре сите заедно да ја дадеме нашата поддршка, да придонесеме за подигнување на свеста за ЛИЦАТА СО РЕТКИ БОЛЕСТИ и да бидеме НИЕ тие што ќе ја направат разликата!“, информираа од тимот на Марко. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани