ЈП “Билјанини Извори” ја известува јавноста дека од 15 мај до 05 јуни 2022 година Градскиот стадион “Билјанини Извори” – фудбалското игралиште, ќе биде затворено за користење.
Имено во наведениот период на фудбалскиот терен при Градскиот стадион ќе се вршат тековни годишни активности (дупчење, садење на трева и фрлање на ѓубриво) кои се во насока на подобрување на условите на фудбалското игралиште.
ЈП “Билјанини Извори” и во наредниот период ќе биде фокусиранa согласно годишната програма за подобрување на условите на спортската инфраструктура со која стопанисува претпријатието.