Поради густата магла пренасочени и откажани летови од охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
Прв пат оваа сезона се случува поради магла да бидат откажани или пренасочени летови од охридскиот аердром.
За полетување е откажан летот за Дортмунд, денес во 11 50ч , а за слетување е пренсочен на скопскиот аеродром летот во 11 20 ч исто така од Дортмунд.
Од ТАВ аеродроми ги упатуваат патниците да го следат официјалниот сајт на аеродромот за сите информации во однос на полетување и слетување.
