Пораст на бројот на туристи, најбројни турците

Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани и за 23,4 отсто повеќе ноќевања.Со месеци наназад најбројни туристи во земјава се Турците.

Покрај стандардниот број на гости од соседството, се зголемува и бројот на полски и кинески туристи.

11 717 турски туристи во јуни годинава ја посетиле Македонија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во јуни Македонија ја посетиле 6 133 Срби, 2 451 Словенци, 5 841 Полајци, 1 722 посетители биле од Косово, 2 687 од Грција, 4 887 од Бугарија, 1 899 од Албанија.

4 489 биле од Холандија, 2 567 од Хрватска, 1 088 гости имало од Франција, 1 945 од САД, 1 866 од Израел, 2 284 од Кина.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани