Мораториумот за градба и Планот за управување со природното и културното наследство драстично ги зголеми цените на становите во Охрид.
Причината е што речиси една година не се носеа урбанистички ппланови, а сега истите мора да бидат во согласност со препораките на Унеско. Во одредени зони на брегот на Охридското езеро забранета е градба, а надвор од центарот значително се намалени габаритите на новите станбени објекти.
Цената на метар квадратен во центарот на Охрид или на брегот достигна до 1500 евра.
– „Значителен пораст на цените од 20 до 30% којшто се должи на забелешките на Унеско и новиот план на управување со градот.Во централното градско подрачје цените се моментано од 1300 до 1500 евра“, вели Наташа Спасеска Цветкоска сопственик на Агенција за недвижности.
Во соседна Струга состојбата е поинаква. Становите на струшкото крајбрежје се двојно поевтини.
– „На струшкото крајбрежје тука се цените од 700 до 850 евра односно некаде соодносот со центарот на Охрид доаѓа еден спрема два“ додава Спасеска.
Охриѓани сметаат дека во градот веќе не треба да е градат висококатници.
– „Ние никогаш не сме имале магли, а сега веќе со тие згради се` се нарушува“, вели една охриѓанка
–„Откако се изградија зградите цела улица Јане Сандански нема природен провев. 0108Порано во летно време со јорган се спиеше“, вели друг охриѓанец.
-„ Зградите една од друга се оддалечени по пет метри што навистина ваква инфраструктура не` ни треба“, вели трет охриѓанец.
Согласно препораките на Унеско забранета е градба во близина на крајбрежието , најголемите градби во иднина нема да бидат позисоки од четири ката.
Ноинар Соња Рилковска
