До крајот на оваа година, остануваат уште две кино проекции на филмот Дедо и Внук кои ќе бидат на репертоар во центарот за култура “Григор Прличев” во Охрид, со почетокот во 20 часот.
Претпоследната проекција е денес 23.12.2019, а последната ќе биде на 30.12.2019 година. картите можат да се купат на билетарата во центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид
Ви благодариме на поддршката
Кратка содржина на филмот :
После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато.
