Потенцијалните градски татковци водат фер кампања

На седум дена до изборите за градоначалник на Охрид, може да се заклучи дека  потенцијалните градски татковци водат фер изборна кампања. 

 

Најактуелни во јавноста со секојдневни прес конференции или соопштенија во кои ја презентираат сопствената програма се кандидатите на ВМРО ДПМНЕ – Митре Милошески, СДСМ – Константин Георгиески  и ГДУ – МИхаил Трендафилов Нанче. 

Помалку присутни се кандидатот на  Демократи Стевчо Стевоски и кандидатот на Беса Џемал Мена. 

Важно е да се напомене дека во изминативе две недели се  води фер  и демократска кампања. Нема ширење говор на омраза, лажни вести, навреди и  слично. 

Речиси сите кандидати  се фокусирани на својата програма. Сакаат да ги придобијат гласовите на граѓаните со реални  и остварливи проекти за поквалитетен живот. 

За разлика од минатото кога во програмите се вметнуваа мегаломански,  капитални проекти , воедно и неостварливи,  кои останаа само на хартија, денес кандидатите зборуваат за „ситни“ и реални проекти, што во суштина е добро со оглед на пократкиот мандат кој ќе го добие идниот татко на градот   во траење од две години и неколку месеци. 

Во партиските преписки меѓу ВМРО и СДСМ очекувано може да се слушне размена на  обвинувања,  но помеѓу кандидатите засега барем не. 

Што ќе се случува во преостанатите  седум денови  од изборната кампања  останува да видиме и пренесеме. 

новинар Соња Рилковска 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани