Здружението на угостителството и туризмот при Стопанската комора на Македонија,по неодамна одржаната тркалезна маса, ќе поднесе иницијатива за измени и дополнувања на законите за туристичка и за угостителска дејност. Со тоа, би се надминале утврдените недоследности и би се ставил ред во туристичката дејност што ќе биде основ за поголем раст на туризмот и приходи во вкупната економија.
Во делот на угостителството,Здружението на угостоителството и туризмот иницира измени на Законот за туристичката дејност и иницира потреба од категоризација на сите угостителски објекти за исхрана.Во моментов во Македонија постои регистар на категоризирани ресторани (согласно кој има регистрирани 88 национални ресторани), но нема регистар на гостилници, ресторани за самопослужување, експрес ресторани, киосци, млечни ресторани, ресторан бавчи, летни бавчи, кебапчилници, бистро, пицерии, објекти за брза храна и слично. На тркалезната маса беше потенцирано дека нема ниту достапна информација колку угостителски објекти се регистрирани за исхрана надвор од моделот на категоризација.-Поради посочените слабости се бара промена на моделот на категоризација на објектите за вршење на угостителска дејност особено на ГОСТИЛНИЦИ, ТП ДРУШТВА и сите други видови угостителски објекти за исхрана, како и решавање на проблемот со кетеринг компаниите, бидејќи најголемиот дел од нив работат во несоодветни услови, нерегистрирани и се сериозна нелојална конкуренција на правните субјекти кои работат во угостителската дејност, информираат од Здружението.Според податоците кои се добиваат од интернет порталите кои рекламираат угостителски објекти, во Македонија има евидентирани 1.378 правни субјекти под поимот ресторани. 112 субјекти се кетеринг, 90 субјекти работат како лаунџ барови и 910 субјекти како кафе клубови.