Повреден мотоциклист во сообраќајка кај Опеница

 

Тешко повреден моторциклист во сообраќајка кај Опеница.

 

На 15.08.2021 година во 11:10 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, кај охридското село Опеница, се случила сообаќајна незгода помеѓу патнички автомобил „Форд Мондео“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.Ј.(60) од Охрид и мотоцикл „Априлија“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(25) од Прилеп. Мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, додека Т.Т.(24) од Прилеп, сопатничка на мотоциклот, се здобила со телесни повреди. Увид извршиле полициски екипи, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани