Повреден моторцикслист од Дебарца.
На 28.02.2021 во 13.30 часот во СВР Охрид пријавена е сообраќајна незгода на крстосница помеѓу улиците „Јане Сандански“ и „Димитар Влахов“ во Охрид, во која, Р.Р.(25) од селото Врбјани, општина Дебарца, управувајќи мопед „Априлија“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“. По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа од СВР Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
