Повреден моторциклист во Струга

Тој се здобил со тешки телесни повреди.

На 14.05.2020 во 16.30 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Боро Хаџиески“ и ул.„Славеј Планина“ во Струга се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.И.(26) од селото Велешта, струшко, и мопед, управуван од М.А. (58) од Струга.
По незгодата возачот на мопедот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од полициската станица Струга, соопшти Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани