На 22.08.2020 во 19.30 часот на регионалниот пат Св.Наум – Охрид, на излезот од селото Пештани, патничко возило „Опел Астра“, со охридски регистарски ознаки, управувано од А.С.(31) од Охрид, изгубило контрола и се превртело.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Охрид. Увид извршила екипа од СВР Охрид.