Повреденото дете на Железничка префрлено на скопските клиники

Едно од повредените деца во синоќешната сообраќајка на Железничка префрлено на скопските клиники.

 

На 24.12.2020 во 18,25 часот во Охрид на булевар „Железничка“ во Охрид, Е.Н.(45) од село Лабуништа, струшко, управувајќи патничко моторно возило „Бмв“ со струшки регистарски ознаки удрил во И.У.(18) и малолетник од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.У. кој е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” во Скопје. На малолетникот му е укажана лекарска помош во болницата “Св. Еразмо” во Охрид. За настанот е известен јавен обвинител и извршен е увид на местото на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. 

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани