Повторно страв и паника во охридско. Земјотрес со јачина од 3.8 степени по Рихтер, точно во 11 12 минути го погоди регионот.
Земјотресот е со епицентар на e еден километар од Косел.
Прв пат после денови мина една релативно мирна ноќ во охридско. Во 4 20ч беше регистриран земјотрес со јачина од 2,6 степени, а во 8 30 уште еден со јачина од 2,5. Епицентарот бил на 8 км од Охрид. Последниве дваесетина дена охриѓани живеат во страв и паника, тлото секојдневно се тресе. Регистрирани се над 1000 земјотрси.