Густата магла го отежнува авио сообраќајот на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“.
Слетувањето на авионот од Виена утрово во 7 50 е откажано. Откажано е и полетувањето за Виена во 08 20 часот.
За прв пат оваа сезона има откажување и пренасочување на етови од охридскиот аеродром. Од ТАВ аеродроми ги повикуваат патниците за сите информации да го следат официјалниот сајт.
