Повторно расте бројот на казни за неносење маски

109 казнети граѓани во изминативе 24 часа.

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 109 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид-51, Струга-28, Кичево-30).
Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19. Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле 82 контроли врз угостителски и други објекти, информира м-р Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани