После неколку денови мирување, тлото повторно се тресе.
Во текот на вчерашниот ден се регистрирани повеќе потреси од кои најсилниот со јачина од 3,8 степени по Рихтер се случи 19 минути после полноќ. Епицентарот повторно 6 км од Косел. Пред овој земјотрес, беа регистрирани неколку послаби во текот на денот со интензитет од 2,2 до 3,1 степен. Последниот земјотрес ноќва се случи во 01 часот и 49 минути со јачина од 3,0 степени.
Новата серија потреси вчера повторно предизвика страв и паника кај охриѓани. Од 18 јуни тлото во охридско се тресе.