Уште еден давеник ова лето во водите на Охридското езеро. Повозрасно лице попладнево се удави на плажата „Фиесата“ во населбата Свети Стефан во Охрид.
Информацијата за Охриднет.ком ја потврдија од охридската полиција.
-На лице место екипи на СВР Охрид во моментов вршат увид, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Според првичните сознанија до кои дојде Охриднет, станува збор за осумдесет годишно лице на кое му пружиле помош и лекарите од Кардиолошкиот институт. Се претпоставува дека починал од срцев удар. Пред десетина денови на Машка плажа во Струга се удави едно младо момче.