4,3 милиони евра од ЕУ и Програмата за развој на Обединетите нации, ќе се инвестираат во заштита на националните паркови во земјава.
Проектот ќе се одвива во следните 28 месеци преку доделување грантови за приоритетните потреби за управување со заштитените подрачја.
-Со овие 4 милиони евра ние потврдуваме дека ЕУ е тука дека ЕУ е за граѓаните и дека ќе продолжиме и натаму, а вие ке може да рачунате на нас исто така, вели амбасадорот на ЕУ Семуел Жбогар.
-Проектите се мошне значајни. Средување на националните паркови зачувување на природата со што ќе добиеме една чиста и убава Макдонија, вели министерот за животна средина Садула Дураку.
Македонија е посветена на заштитата на природата има 89 заштитени подрачја, односно 9 % од вкупната државна територија.
– Луѓето обично мислат дека или може да имате економски развој или заштита на природата но нашата цел е да докажеме дека и двете може да одат рамо до рамо. Односно со заштитата на природата да создавата работни места, вели Луиза Винтон претставник на УНДП.
Со парите ќе се инвестира во заштита на Галичица, Пелистер, Маврово но и на помалите заштитени подрачја. Воедно ќе бидат изградени и неколку мали пречистителни станици.
Новинар Соња Рилковска
Канал 5 ТВ