Со незаборавен концерт на „Форплеј“ започна Охридско лето

Со незаборавен концерт на светската атракција џез квартето „Форплај“ синоќа започна 57 то издание на фестивалот Охридско лето.

Во преполниот амфитеатар публиката уживаше во звуците на светските музичари поддржани од оркестарот на македонската филхармонија. Пред присутните се обрати претседателот Горге Иванов, кој воедно е и покровител на најпрестижната културна манифестација во земјава. Од името на уметниците зборуваше актерот Мето Јовановски. 

Престојните 40 фестивалски денови  на прохграмата на најпрестижната културна манифестација ќе има 33 врвни концерти, џез вечери, 9 театарски и 2 балетски претстави, филм за охридскиот бисер и изложби. Врвна уметност и многу атрактивни содржини.

 

-Веќе 57 години фестивалот Охридско лето е дел од нашиот пат кон моќта на уметноста. По тој пат секоја година минуваат бројни уметници од Македонија, Европа и светот, кои несебично ја споделуваат својата креативност и го  задоволуваат нашиот длабок копнеж по убавина, добрина и слобода  , рече претседателот Горѓе Иванов. 

 Фотографија на Vele Mitanoski.

Social profiles

Охрид

Струга

Вевчани