Повторно труење накучиња во Охрид. Активистот Климент Арнаудов денес објави фотографии кои севдочат за злокобно труење на куче.
–Труење во приватен двор. Согранѓанката јави во полиција, но пробаа да ја откачат давајќи ѝ “аргумент” дека штом не е ничие куче нема потреба да се испратат полицајци оти трошок ќе било. Морав и јас да им свртам откако отидов на лице место, морав да повишам глас како би укажал кога се прекршуваат закони (особено Кривичен закон) нема простор за калкулации и за неделување. И дојдоа дури 4 полицајци, скроен е записник, а и ветеринар изготви извештај дека станува збор за отров. Иначе сограѓанката има свој миленик, видно потресена и со солзи на очите пробуваше да објасни кој стрес ѝ е учинет и како тоа сега нема да може да си дозволи миленикот свој во сопствен двор да се истрча (еднаш така ѝ усмртиле миленик труејќи го). Земјо Македонијо, до кога ќе биваш варварска и безбожна, до кога законите ќе ти биваат мртво слово на хартија?“, јавно пишува Арнаудов.
.jpg)
.jpg)
