Пожар пеплоса плац за стари коли во струшко.
Пред два дена, во пожар во плац за хаварисани возила во струшко Велешта, целосно изгореле десеттина коли кои не биле во возна состојба. Според информациите од струшката противпожарна служба, пожарот настанал околу 6 часот и многу брзо, пламените јазици се прошириле меѓу хаварисаните возила.Интервенцијата на пожарникарите била брза а гасењето на пожарок ефикасно извршено со што е спречено негово проширување.Пожарот на плацот за хаварисани возила предизвикал материјална штета.Како што информираат од струшката противпожарна служба, изминативе десеттина дена интервенирале на три пожари во кои е предизвикана материјална штета.
